(ВИДЕО) СДСМ го кани Панов на ТВ дуел за зонското паркирање
08-07-2016 РЕГИОН

Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата за зонското паркирање во Кавадарци. Денеска од СДСМ Кавадарци поставија неколку прашања до градоначалникот Александар Панов по неговата вчерашна реакција на прес конференција, одговарајќи на претходни обвинувања од опозицијата.

Советникот Горан Белевски рече дека концептот на опозицијата и  „на градоначалникот во заминување Александар Панов“ во однос на зонско паркирање битно се разликувал.

„Ние сме за концепт на јавно претпријатие, а на градоначалникот за јавно приватно партнерство, што значи парите  да одат кај некој поединец – собирач на арач за кој се сомневаме дека негов ортак ќе биде самиот градоначалник. Ако концептот јавно претпријатие е комуњарски, како што вели градоначалникот, тогаш зошто истиот тој концепт е превземан од градот Скопје, чиј градоначалник е Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ“ праша Белевски.

ВО врска со поканата од градоначалникот до СЈО и јавното обвинителство со алва и локум да ја истражеле постапката за зонско паркирање, од СДСМ му порачаа на Панов да не се трошел , бидејќи тие ќе дошле и без покана, бидејќи насекаде во општината мирисало на криминал.

„Бидејќи градоначалникот бега од седниците на советот, еве јавно го поканувам со алва и локум да избере телевизија и новинар по негов ќеиф и да ги соочиме фактите и аргументите за разрешување на проблемот со паркирањето, но и за многу други проблеми кои ги засегаат граѓаните на Кавадарци“ рече на прес конференцијата советникот Белевски од СДСМ и го праша градоначалникот дали било невистина и небулоза дека кавадарчани ќе плаќале  мешу најскапите паркинзи во земјава, односно 80 денари за 3 часа паркирање во центарот на градот.

Исто така праша дали невистина и небулоза било тоа дека кавадарчани ќе плаќаат паркинг  до 24 часот, наместо до 21 или 22 часот како што било пракса во останатите градови во Македонија.

„Велите дека цените за загарантирано паркинг место заљ правни лица биле амандмански предлог на опозицијата. Па, ако ние од СДСМ не поднесовме амандмани за намалување на цените за паркирање ( на тој начин бирајќи го помалото зло)  наместо 45.000 денари резервираното паркингместо ќе беше 88 илјади денари во прва зона, 69.600 денари во втора зона и 50.400 денари во трета зона. Дали живееме во Њујорк, во Лондон или во Париз? Сигурно и таму цените се пониски од Кавадарци“ кажа Белевски на пресот и посочи дека благодарение на амандманската интервенција на опозицицијата за паркирање немало да плаќаат инвалидите и лицата со мултиплекс склероза.

Ангел Данов

 

во продолжение интегрално видео од пресот на СДСМ Кавадарци



Share

Додади коментар