(ВИДЕО) Се асфалтираат неколку улици во Кавадарци
03-04-2017 РЕГИОН

Интензивно се реализира програмата за комунална изградба во општина Кавадарци, рече денеска градоначалникот Александар Панов кој излезе на терен со цел да изврши увид во градежните активности. Се работи на асфалтирање и поплочување на повеќе улици во градот и селата.

 

Оперативата на „Изолација“ од Скопје согласно спроведената тендерска постапка за реализација на програмата за комунална изградба 2016 изврши асфалтирање на три улици, од кои две во Кавадарци и една во Ваташа.

 

Во Ваташа се асфалтираа 450 м2 од улицата Васил Хаџи Јорданов. Инвестиција која ја чини општината 450 денари.  Асфалтна подлога се поставуваше на ул. „16  јуни“ спој со улицата „14 мај“ каде е поставена асфалтна маса  на површина од вкупно 800 м2. За оваа инвестиција од сметката за комунална изградба општината потроши 780 илјади денари.

 

 

Викендов се работеше и на улицата „Кирил и Методиј“ каде се асфалтираа 1220 м2, за што се издвоени 1,2 милиони денари.

 

Градоначалникот во изјавата за медиумите нагласи дека комунална изградба се врши и на други локации, а потсети и на проектите за реконструкција на патната мрежа во општината.

 

-       Направивме реконструкција на регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб, реконструиран и адаптиран е локалниот пат Ладно Долче – с. Крњево. Се прошири по цела должина патот Бохула – Крњево. Го реализиравме проектот за реконструкција на патните правци Кавадарци – Ресава, Ресава – Бегниште. Во изминатиот период работевме на средување и на влезовите во градот и изградивме нов кружен тек со што се зголеми безбедноста во сообраќајот- рече Панов.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар