(ВИДЕО) Романот „Одбројување“ промовиран во Кавадарци
14-06-2018 КУЛТУРА

 

 

Семејна драма од современото скопско секојдневие  опишана во романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, добитник на наградата „роман на годината што ја доделува фондацијата  „Славко Јаневски“ денеска беше промовиран во Кавадарци.

 

Автрорката на романот, во изјавата за КТВ искажа задоволство од можноста да го претстави своето дело и пред кавадарчани.

 

Ѕвездан Георгиевски од фондацијата  за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ е задоволен од изборот на жири комисијата на романот „Одбројување“ од Парамаковска.

 

Георгиевски се осврна и работењето на фондацијата која меѓу другото по примерот на „Утрински весник“ кој веќе згасна,  ќе доделува награда за роман на годината, награда што весникот ја доделуваше од 1999 година па се до згаснувањето.

 

Романот на Пармаковска беше избран меѓу 27 пристигнати романи.

„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.

А.Д

 



Share

Додади коментар