(ВИДЕО) Прес на СДСМ: Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата
05-09-2019 РЕГИОН

Врвен приоритет на владата на Социјалдемократски сојуз на Македонија се инвестициите во инфраструктура. Владата предводена од СДСМ со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој на општина Кавадарци - беше речено меѓу другото на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци.

 

 

 

(интегрален текст) Ветивме и започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура насекаде во државата.

 

 

Ветивме и веќе можеме да се пофалиме со изградба или рехабилитација на 350 километри или 40 регионални патишта, изградба на 4 ( четири) Експресни патишта, како и започната постапка или градба на 3 (три) автопатишта.

 

Почитувани сограѓани,

Продолжуваме со разубавување на Општина Кавадарци, со разубавување на Република Северна Македонија.

 

После инвестиција во с. Ваташа која опфаќа изградба на нов мост и проширување на патот пред и после новиот мост, можеме да се пофалиме со уште еден инфраструктурен проект, санација и рехабилитација на регионалниот пат П1107, пат кој комплетно ја менува, ја разубавува сликата за влезот или излезот на општина Кавадарци.

 

Станува збор за санација и рехабилитација на булеварско решение со 4 (четири) ленти во должина од 1 100 метри со ширина од 12 метри, во вредност од 19 600 000 денари, инвестиција од страна на оваа Влада. Градежните работи се започнати во Ноември 2018 година, а во Јуни имаме комплетно завршена санација и рехабилитација.

 

Но не застануваме овде. Ќе имаме комплетно нов асфалт од општина Кавадарци до општина Росоман.

Тоа што го ветивме, тоа и го остваруваме.

Зборот Важи!

 



Share

Додади коментар