(ВИДЕО) Кавадарци со 2,5 милиони евра ќе ги подобрува водоснабдувањето и атмосферската канализација
29-06-2018 РЕГИОН

 

 

Со проект на КФВ банката Кавадарци ќе го подобрува водоснабдувањето и атмосферската канализација. Тоа беше главната тема на денешната средба меѓу градоначалникот Митко Јанчев и министерот за транспорт и врски,, Горан Сугаревски.

 

За овие намени ќе се потрошат 2,5 милиони евра, пари кои Кавадарци ги доби од банката. На наредната седница на влада, беше најавено дека се очекува да помине одлуката и потоа да следи склучување договор за искористување на тие средства.

 

Градоначалникот информира дека до крајот на оваа година се очекува да се заврши Западен булевар со должина од 1200 метри, со 4 ленти, комплетно осветлен со атмосферска каналзиација и водоводна мрежа, инвестиција од 60 милиони денари која се реализира со Агенцијата за патишта и Министерството.

 



Share

Додади коментар