(ВИДЕО) И АД „Гоце Делчев“ ќе стипендира ученици од лозаро-винарската струка во СОЗШУ „Ѓорче Петров“
06-06-2018 РЕГИОН

 

Најдобрите ученици од лозаро-винарската струка ќе добиваат стипендии, а ќе имаат можност и да изведуваат практична настава во АД „Гоце Делчев“. Ова е дел од содржината на меморандумот за соработка што денеска го потпишаа директорите на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, Горан Велковски и на АД „Гоце Делче“ Ристо Милев.

Велковски е задоволен од оваа соработка и се надева дека ќе даде поттик кај идните средношколци да се натпреваруваат со знаење.

 

 

Задоволен од можноста за соработка е и директорот на АД „Гоце Делчев“, компанија која секогаш во лозаровинарството користи современи апарати и технологии.

 

 

Претходно СОЗУШ „Ѓорче Петров“ исти меморандуми за соработка потпиша и со Македонски шуми и вианрска визба „Тиквеш“. И овие компании ќе ги стипендираат најдобрите ученици.

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар