(ВИДЕО) Државата ги исплати парите кон лозарите за долгот на „Повардарие“ и „Стефани“
04-04-2019 РЕГИОН

 

 

77 милиони денари денеска легнаа на сметките на 2048 лозарски семејства од Тиквешијата за грозјето од 2015 и 2016 година, кое не им беше платено од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“. Исплатата денеска во Кавадарци ја потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николвоски, кој одговарајќи на нашето прашање дали исплатата не е во судир со изборната кампања, нагласи дека се работи за обесштетување кон лозарите, за кое владата има донесено одлука пред распишување на изборите.

 



Share

Додади коментар