(ВИДЕО) Во функција концертната сала на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“
21-05-2018 РЕГИОН

 

Учениците од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци од денеска понатаму ќе можат наученото на концерти да го презентираат во новата концертна сала која беше свечено пуштена во употреба.

 

Концертната сала општината ја градеше со помош на УСАИД, Европската команда на САД и бизнис секторот. Исто така со денешната свеченост се означи и крајот на реновирањето на просториите на музичкото училиште.

 

На свеченоста присуствуваа земеник помошник администраторката на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Гречен Биркл, потполковникот Ерик Рајс од Военото аташе на САД, градоначалникот Митко Јанчев и претставници на УСАИД.

 

Од УСАИД во изјавата за медиумите ја нагласија важноста на овој објект кој во партнерство со општината се градеше во изминатиот период.

 

 

„Горда сум на ова широко партнерство помеѓу Европската команда на САД, УСАИД, општините и локалните заедници воспоставено за реновирање на училиштата. Преку оваа партнерство, од 2011 година, Европската команда на САД има инвестирано над 1,5 милиони долари за реновирање на 63 училишта, вклучувајќи го и вашето, паралелно работејќи на развојот на етничката кохезија во Македонија“ истакна Биркл.

 

Градоначалникот Јанчев во своето обраќање на свеченоста ја нагласи важноста од зајакнувањето на граѓанските вредности кај младите, со цел тие да станат активни учесници во своите заедници и да градат силни пријателства со врсниците.

 

Новата концертна сала е од големо значење и за училиштето, рече директорот Златко Јованов.

 

А.Д



Share

Додади коментар