(ФОТО) Женско е првото бебе во новата 2019 во Кавадарци
01-01-2019 РЕГИОН

 

 

 

Пет минути после полноќ во новата 2019 година 24 годишната Цветанка Димкова од Кавадарци на свет донесе здраво женско бебе тешко 2,9 кг.

И мајката и бебето се во одлична состојба. Ова е прво бебе на семејството Димкови.

 

Денеска гинеколошко акушетскиот оддел го посети градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. На мајката и бебето им предаде традиционални подароци од општината и им посака добро здравје.

 

„Традицононално како и секоја година го очекуваме првото новороденче во новата година. Еве веќе го имаме првото бебе. Тоа е девојче, од Кавадарци. Бидејќи сме регионална болница се случува првото бебе да биде и од други градови, што не е за потценување. Посакувам поголем наталитет, здрави и прави деца“ рече градоначалникот.

 Директорот на Општа болница со проширена дејност Кавадарци, д-р Диме Коцев им ја честита новата година на сите граѓани и информираше дека годинава на гинеколошко акушерскиот оддел во болницата се извршени 400 породувања.

 

 

„Голема благодарност до градоначалникот за убавиот гест и огромната подршка што ја дава кон Ошшта болница. Лани се извршени на ГАК одделение 400 породувања , од кои 226 машки, 174 женски новородени. Од тие 79 се извршени со оперативен треман-царски рез,  а останатите се породени спонтано Огромна благодарност до персоналот на  ГАК одделение и до  клиниката за гинекологија и акушерство од Скопје од каде  24 часа се присутни лекари  во кавдаречката билница за да пружат адекватна здравствена заштита. И понатаму ќе продолжиме со таа соработка за здравствената заштита на родилките биде на едно високо ниво.“ рече д-р Коцев.

 

Докторот што го извршил породувањето на првото бебе во новата година, информираше за здравствената состојба на бебето и мајката.

 

„Пет минути после полноќ  се роди живо здраво женско дете со добар абгар 8, 9 . 2900 тежина со 50 должина во добра кондиција, породувањето помина во најдобар ред. Мајката исто така е во најдобра состојвва“ рече д-р  Боривое Павловски , гинеколог-акушер од Клиниката за гинеколошија и акушерство Скопје.

Ангел Данов

Додади коментар