Во тешка сообраќајна несреќа вечерва, едно лице е повредено. Според информациите од противпожарната единица возило марка „ФИАТ ПУНТО“ со скопски регистарски таблички излетало од патот во месноста „Краиште“. Возачот бил заглавен во возилото и имал тешки повреди.
„Интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари. За кратко време успеавме да го извадиме од оштетеното возило повредениот иако возилото беше во тешко пристапен терен.“ рече командирот на кавадаречката противпожарна единица, Илчо Богевски.
Поредениот со екипа на брзата помош е префрлен во болницата во Кавадарци. До несреќата најверојатно дошло поради неприлагодена брзина спрема условите на патот.
Од противпожарната единица апелираат до сите возачи за време на празниците да се воздржат од употреба на алкохол, како би се избегнале несреќи од ваков тип.
А.Д
Додади коментар