(ФОТО) Активности за почисто Кавадарци
10-03-2018 РЕГИОН

 

Од прес службата на општина Кавадарци денеска информираа дека во градот се реализираат низа активности за почист и поубав град.

 

 

Метларките на ЈП Комуналец во текот на денот работат на пометување на улиците низ градот. Исто така се превземаат активности за средување на просторот позади зградите „Лепотици“ и „Силекс“.

 

 

 

 

Се чисти отпадот на влезот во Кавадарци од кај Росоман.

 

 

Од општината исто така информираат дека денеска е дислоциран видео бимот од општинската зграда над „Централ бар“, бидејќи бил бесправно поставен.

 

 

Исто така летната тераса на кафе бар „Елемент“ е повлечена поради отстапување од дозволеното користење на просторот.

Додади коментар