(ВИДЕО) „70 години со планининте“ - изложба на фотографии од Томе Лисичанец
26-12-2017 РЕГИОН

Во Музеј галерија Кавадарци денеска беше отворена изложба на фотографии изработени од професорот во пензија и голем љубител на природата, Томе Лисичанец.

 

 

Изложбата под наслов „70 години со планините“ содржи околу 135 фотографии со димензија 30Х40, 50Х70 и 160х40 со мотиви од македонските планини и воопшто од природата со која авторот ја одбележува својота долгогодишна планинарска активност. И со оваа изложба негова цел е да ги запознае своите сограѓани со природните знаменитости на нашата земја бидејќи неговата прва самостојна изложба на фотографии беше под наслов „Да го запознаеме нашето природно наследство“ а втората пред точно 20 години под наслов „Мојата татковина“.

 

Додади коментар