(ВИДЕО) Утре премиера на претставата „Пасивно пушење“
20-06-2018 КУЛТУРА

 

 

Утре,  21 јуни 2018, со почеток од 20 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиерна изведба на претставата “Пасивно пушење“, по текст на Небојша Рончевиќ (Србија).

 

Жанровски станува збор за комедија и во неа парадоксите кои Европа ги има кон имигрантите. Инаку текстот ја имаше својата праизведба во “Звездара театар“, Белград, Србија, а во Македонија првата изведба ја има токму на сцената на кавадаречкиот Дом на култура.

Режијата е на Јордан Витанов од Велес, како гостин.

 

Во претставата играат: Атанас - Диме Коцевски; Жан Клод М’Бебе - Видан Станоев; Лакан - Диме Боцев; Џек Бауер - Љупчо Настов; Џек Бауер Јуниор - Коле Колев; Зорка - Валентина Ѓорѓиова.

 

Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Сценографија - Валентин Светозарев; костимографија - Јордан Витанов; избор на музика - Марјан Тодоровски; асистент на режија - Микица Илова; инспициент/суфлер - Благица Илиева; видео продукција - Тони Коцев; сценска поддршка - Диме Темков; плакат - Билјана Соколова Тодоровска.

 

 

Во пресрет на премиерата, денеска се одржа прес конференција, како најава за случувањата околу претставата “Пасивно пушење“.

Додади коментар