(ВИДЕО) Успешна крводарителска акција во Кавадарци
09-07-2018 РЕГИОН

 

И втората летна доброволна крводрителска акција Општинската Организација на Црвен Крст ќе ја запише како успешно реализирана во Кавадарци и тоа за период од само две недели од првата.

 

На само половина од акцијата дарувание беа 25 единици крв, бројка што според институтот за трансфузиологија зборува за одличен одзив, но и за добра здравствена кондиција кај граѓаните. Институтот засега има доволно резерви на крвни продукти, но од таму потенцираат дека особено се значајни истите во летниот период кога и најмногу се чувствува потребата од нив.

 

Акцијата се реализираше во салата на општинското собрание во Кавадарци Покрај граѓаните денеска крв даруваа и вработени во Локалната Самоуправа.

 

М.М

 

Додади коментар