(ВИДЕО) СДСМ: Се превземаат мерки за отворање на граничниот премин Пуљевац
16-04-2019 РЕГИОН

„Отворањето на граничниот премин Пуљевац ќе значи голем бенефит не само за Кавадарци, туку и за целиот регион“ беше речено меѓу другото на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци...

 

(интегрален текст) Децениската желба и потреба на кавадарчани конечно почнува да се реализира.

Владата во соработка со локалната самоуправа, превземаат низа активности за отварање на граничниот премин Пуљевац.

 

Отварањето на овој граничен премин ќе значи огромен економски бенефит не само за Кавадарци, туку и за целиот овој регион.

 

Изградбата на граничниот премин Пуљевац ќе придонесе за зголемување на соработката на стопански план, како и заживување на туризмот.

Ќе придонесе за локален и економски развој на целиот овој регион.

 

 

За реализација на овој проект, Агенцијата за патишта во 2019 година ќе одвои околу 50 милиони денари за реконструкција на постоечки патишта во овој регион.

 

Наместо во барокни фасади, оваа влада инвестира во подобрување и изградба на нова инфраструктура.

Ќе продолжуваме и понатаму со спроведување на политикии проекти кои се во интерес на доброто на граѓаните.



Додади коментар