Во реновираната сала на спомен домот во Ваташа учениците и наставниците го одбележаа патрониот празник на ООУ „Димката Ангелов Габерот“. На спомен бистата на патронот во дворот на училиштето свежо цвеќе положија вработените во училиштето и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Учениците со своите наставници подготвија богата културно уметничка програма. Присутните кои ја исполнија салата ги поздрави директорот на училиштето Марјанчо Јанкулов.
Беа доделени награди на учениците на генерација. Годинава за ученици на генерацијата наставничкиот колегиум на училиштето ги избра Марија Димова и Соња Василова кои во своите обраќања се заблагодарија на своите наставници за се што научиле во основно училиште.
А.Д
Додади коментар