(ВИДЕО) Ново возило за кавадаречката противпожарна единица
13-04-2018 РЕГИОН

 

Се модернизира кавадаречката противпожарна единица. Компанијата „Екстра бус“ денеска донираше џип од марката „Туарег“ за побрза интервенција на пожарникарите. Возилото е опремено со агрeгат на кој може да се приклучат алатките со кои се интервенира при сообраќајни незгоди.

 

 

Градоначалникот Митко Јанчев најави дека во наредниот период преку донации ќе бидат набавени уште две возила за против пожарната единица, а во меѓувреме се работи на комплетно реновирање на противпожарната зграда. Јанчев најави и изградба на нови гаражи, а за неколку дена ќе бидат вработени 16 нови пожарникари.

 

Kомандирот на кавадаречката противпожарна единица, Илчо Богевски се заблагодари за донацијата и информираше за бројот на пожари минатата година и во годинава кои се случени на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман.

А.Д

 

Додади коментар