(ВИДЕО) Новогодишни пакетчиња за децата од градинката „Фемо Кулаков“ Неготино
26-12-2017 РЕГИОН

 

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на околу 420 дечиња кои престојуваат во двата клона на детската градинка „Фемо Кулаков“им додели новогодишни пакетчиња кои локалната самоуправа ги обезбеди во соработка со фирмата „Дуки Дасо“.

 

Денеска градоначалникот престојуваше во клонот „Пролет“ каде на задоволство и радост на дечињата им подели пакетчињата, а утре новогодишни пакетчиња ќе им додели и на дечињата од клонот „Мајски цвет“.

Инаку, како и секоја, така и оваа година вработените во градинката за дечињата и за присутните гости подготвија и изведоа предновогодишна претстава.

 

 

 

 

Додади коментар