(ВИДЕО) Не преживеа повредениот египетски мршојадец најден во Демир Капија
07-08-2018 РЕГИОН

 

Редок египетски мршојадец или кања со повредено крило, изгладнет и дехидриран деновиве се нашол паднат во двор на семејство кое живее во Демир Капија.

 

Во истата ситуација плус полиена со нафта, за птицата помош е побарана во една од ветеринарните станици во Кавадарци, но и таму обидот да се спаси е безуспешен, а овој редок вид на птица едноставно нема среќа да го дочека својот транспорт до институтот во Бугарија.

 

До птицата стигнал професорот Томе Лисичанец кој интервенирал и до ветеринарната станица и почнал постапка за нејзин транспорт, но вели дека се било залудно и жали што ова морало да се случи.

Според професорот постојат неколку претпоставки што се, се има случено со оваа кања, а една од тие води до неодговорно однесување на ловџиите.

 

-

 

 

Според Лисичанец за да во иднина не дојде до вакви или слични ситуации потребно е да им се обезбеди на ловџиите преку текот на цела година рекреација и стрелање со глинени гулаби.

 

Како иницијатива тој ја посочи токму набавката на глинените гулаби и оспособувањето на градското стрелиште за оваа намена. Тој на одговорност ги повика и останатите граѓани од кои побара одговорно однесување во ситуација како оваа со кањата. Ако случајно се најдете блиску до птица на која и треба помош најдобро е да реагирате веднаш до стручни лица, без примена на сопствени постапки.

 

Само така ќе и помогнете и на неа и на општеството, а вие ќе се докажете како примерни сограѓани, апелира Лисичанец. Оваа кања е глобално загрозен вид, светски заштитен и вид кој за жал брзо исчезнува од планетата земја.

 

М.М

 

 

Додади коментар