(ВИДЕО) Навивачите „Лозари исток“ денеска даруваа крв
05-12-2018 РЕГИОН

 

Во општинската сала на град Кавадарци денес се одржа успешна традиционална крводарителска акција во организација на навивачката група Лозари Исток.

 

Оваа доброволна крводарителска акција групата Лозари Исток ја организираат во соработка со   институтот за трансфузиона медицина Скопје и   кавадаречкиот црвен крст.

 

За оваа навивачка група која е верен сојузник на кавадаречките спортисти ова е шеста акција по ред.

 

Во периодот кога сите се грижат за самите себе,ние се одлучивме да се погрижиме за тие на кои му е најпотребно.Со таа мисла,во која хуманоста и човечкиот живот ни се на прво место,одлучивме дека е идеално време да организираме крводарителска акција.- велат од навивачката група Лозари Исток.

K.Ѓ

 

 

Додади коментар