(ВИДЕО) Млади дивееле со автомобил и го уништиле тревникот во црквата Св. Петка
24-10-2016 РЕГИОН

Дворот на ново изградениот храм св.Петка во Кавадарци утринава од несовесни млади граѓани на Кавадарци претрпе штета. Со автомобил дивееле низ тревата за која со месеци одговорните вложуваа многу напор, ја  наводнуваа и косеа за на крај да се уништи само за 5 минути.

 

Свештениците од храмот упатуваат апел до граѓаните  за да ја подигнат својата свест на повисоко ниво и да не се случуваат вакви дивеења околу објектот.

 Случајот е пријавен во полиција и се работи на откривање на сторителите на ова дивјаштво.

К.Ѓ

Додади коментар