(ВИДЕО) Минов: „Неопходно е поголемо единство за националните интереси“
07-09-2016 РЕГИОН

Панчо Минов беше пратеник во првиот парламентарен состав по осамостојувањето на Република Македонија. Тој информира дека  вечерва ќе присуствувал  на одбележувањето на празникот на независноста, а ќе присуствувал и на  приемот кој го приредува претседателот на собранието, Трајко Велјановски. Во изјава за КТВ, Минов им го честита празникот на кавадарчани, 7 ми септември и денот на независноста, 8 ми септември.

 

Тој прави паралела помеѓу работењето на парламентот кога тој беше таму и сегашниот парламентарен состав. Вели, неопходно е поголемо единство за националните интереси. А.Д

Додади коментар