(ВИДЕО) Меѓународната балканска изложба „Мост“ во Кавадарци
17-03-2018 КУЛТУРА

Во наредните десет дена љубителите на ликовната уметност од Кавадарци можат да ги погледнат ликовните дела на четворица уметници од Турција кои се изложени во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“.

 

 

Изложбата беше отворена денеска на пладне, а беше нагласено дека истата претставува ретка можност за компарација на идеи и меѓу културна размена.

 

Директорот на домот на културата Александар Малинков ги поздрави прустните и се заблагодари на можноста делата од овие уметници да се најдат пред кавадаречката публика.

 

Советникот за ликовна уметност при домот на културата Владимир Темков исто така искажа благодарност што изложбата гостува во Кавадарци.

 

„Целта е да се прикажат различните контексти во креирањето на уметничките нарации и општествено културолошките услови кои директно влијаат врз уметничката продукција, како би се добил увид во структурата и карактерот на двете различни школи и традиции“ рече на отворањето на изложбата нејзиниот координатор академик Фехим Хусковиќ.

 

А.Д

 

Додади коментар