(ВИДЕО) МЕПСО апелира земјоделците да бидат внимателни кога наводнуваат покрај далеководи
08-08-2018 РЕГИОН

 

МЕПСО ги предупредув сите земјоделци во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опрема за наводнување, со земјоделската механизација и со додатна земјоделска опрема во близина на далноводи од преносната мрежа. Како што истакнуваат од овде, овој апел е со цел заштита на животот на земјоделите.

 

Портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов, во изјавата за КТВ апелира до граѓаните да не го загрозуваат сопствениот живот, како и животите на сите што се во нивна близина.

 

Портпаролот исто така упати апел и до спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководите. Исто така се предупредуваат сите граѓани да не вршат градежни работи или дејствија во трасите на далеководите, а особено под проводните јажиња за пренос на електрична енергија.

Ангел Данов

 

 

Додади коментар