(ВИДЕО) Кавадарци го реши проблемот со недостаток од слободни места за во градинка
16-10-2019 РЕГИОН

Кавадарци е меѓу првите градови во земјава каде нема повеќе листи со чекање за прием на деца во градинка. Со доградбата на нови занимални, се створија услови сите дечиња да посетуваат градинка. Денеска свечено беа отоврени новите занимални во објектот „Снежана“ во Ваташа, каде ќе се згрижат 125 дечиња.

 

На свеченоста присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот Митко Јанчев. И двајцата најавија дека ќе продолжи вложувањето со цел да се обезбедат подобри услови за најмладите.

 

„Нашата цел, како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, посебно во другите градови низ Северна Македонија и во руралните места бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата“, изјави министерката Царовска во Кавадарци.

 

Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека со последните проширувања бројот на деца на листа на чекање е нула.

 

“Новиот дел на Снежана е со површина од 187 метри квадратни и градинката место претходните 9 занимални сега има 11, со тоа вкупниот капацитет се згоемува на 178 деца”, рече Јанчев. Покрај доградбата на „Снежана” доградба е направена и на градинката „Детелинка“, каде што има дополнителен простор за згрижување на 87 деца во 5 воспитно згрижувачки групи. Со доградбата на објектот „Детелинка“ вкупниот капацитет ќе биде за 225 деца до 6 годишна возраст, кои ќе бидат опфатени во 14 воспитно згрижувачки групи.

 

Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите, кај вработените во градинките платите се зголемија за 21%. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.


А.Д

Додади коментар