(ВИДЕО) Кавадаречкиот совет ја одржа 24-та редовна седница
13-05-2019 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци во рамки на денешната 24-та редовна седница донесе одлука за субвенционирање на граѓаните кои ќе набават енергетски ефикасни грејни тела. Оваа одлука е во насока на досегашните мерки на општината за намалување на загадувањето во општината.

 

Едногласно беше донесена одлука за кофинансирање на изградбата на скејт парк со седум елементи и уредување на пешачки и велосипедски патеки. За приоритетен беше избран проектот „Подобрување на инфраструктурата и енергетска ефикасност во СОЗШУ „Ѓорче Петров“. Едногласно поминаа годишниот извештај за постапување со отпад по програмата за управување со отпад на територијата на општина Кавадарци за 2018 година и програмата за управување со отпад за 2019 година.

 

Советот со одлука ги прифати донациите за реконструкција на фонтани од комапниите „Кожувчанка“ и „Кодинг Горска“ и дрвени столици од комапнијата „Ја-ми“

 

На денешната седница едногласно беше усвоен извештајот за работењето на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Мито Хаџи Василев Јасмин“,а се донесе одлука и за давање под закуп на градскиот базен по пат на електронско наддавање. С еодлучи да се отпочне постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за објектот „Ла луна“ и за реконструкција и уредување на градскиот базен.

 

Градоначалникот Митко Јанчев пред советниците информира за донациите кои минатата година ги доби општината од кавадаречки компании. Рече дека лани биле донирани материјални добра во висина од близу 26 милиони денари, а и годинава за првите месеци се бележат донации од околу 10 милиони денари. Јанчев информира и за повеќе тековни проекти кои се реализираат во општина Кавадарци. За кратко време започнува реалзиацијата на програмата за комунална изградба во месните и урбаните заедници, согласно сите барања што се доставени до општината од граѓаните.

 

Ангел Данов

 

Додади коментар