(ВИДЕО) Започна новата учебна година - кавадаречките училишта во добра кондиција
01-09-2016 РЕГИОН

Првото училишното ѕвонче денеска го означи стартот на новата учебна година. Прво одделенците беа најрадосни. Насмеани, но и збунети, со своите родители ги запознаа наставниците кои ќе ги воведат во светот на знаењата.

 

Во општина Кавадарци во основните училишта се запишани 358 првачиња, број идентичен со минатите години.

Во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци за прв пат во училишните клупи седнаа 52 првачиња. Распоредени се во три паралелки, а една паралелка со првачиња има во подрачното училиште. Добредојде на новите ученици им посака директорката на училиштето, Весна Шошев и наставниците.

 

 

Новата учебна година во Кавадарци започна без проблеми, потврдува градоначалникот 

Александар Панов. Тој информира дека сите 


училишта се во одлична кондиција.

 

Вратите за првачињата денеска беа отворени и во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа. Свечен прием беше организиран во дворот на училиштето за 23 првачиња. Ги поздрави директорката Јанушка Милкова и им посака многу успех во учењето.

 

Ангел Данов

 

 

 

 

 

 

68 ученици во прво одделение во новата учебна година се запишани во ООУ “Тошо Велков Пепето“

 

И во ова училиште новите ученици беа најрадосни за почетокот на новата страница од нивниот живот.

 

   Свечен пречек на првачињата денеска беше организиран и во ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци. 69 првоодделенци ќе бидат распределени во три паралелки.

 

Добредојде на новите ученици им посака директорката на училиштето, Весна Крстева.

Најголем број првоодделенци во новата учебна година во Кавадарци се запишани во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“.

Таму настава во прво одделение ќе следат 83 ученици.

Додади коментар