(ВИДЕО) Димковски: Ќе ја следиме целосно состојбата со откупот на грозје
07-08-2019 РЕГИОН

Во текот на бербата на грозје лозарите нема да бидат сами, ова денеска им го вети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Најави целосно следење на откупот на грозје и доследно спроведување на законските прописи. Министерот сепак не можеше да вети дека производителите на грозје ќе имаат целосно релаксиран гроздобер.

Оцени дека годинава родот на грозје е квалитетен и кажа дека лозарите не треба да стравуваат за откуп, бидејќи визбите биде подготвени да го откупат целото грозје. Барале квалитет и биле спремни да платат за квалитетно грозје.

 

Додади коментар