(ВИДЕО) Делков: Граѓаните ги кажаа своите приоритети
16-11-2017 РЕГИОН

 

„Граѓаните се тие кои најдобро ги познаваат проблемите во нивното село, урбана заедница, населба, маало, улица и слично и токму со цел да го слушнеме нивното мислење ги организиравме средбите со жителите на месните заедници во селата и 9-те урбани заедници во градот.

Наидовме на одличен прием, масовно присуство на средбите и слушнавме квалитетни и конструктивни предлози, мислења и забелешки. Тоа пак, верувам дека ќе придонесе за јакнење на довербата на релација градоначалник-Совет на општина-локална администрација-граѓани на општина Неготино“-истакна во изјава за медиумите градоначалникот на општина Неготино Тони Делков по завршување на сите предвидени средби.

 

 



Додади коментар