(ВИДЕО) Во Кавадарци се реализираат неколку проекти со поддршка на МЖСПП
16-12-2019 РЕГИОН

Градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев денеска оствари работна средба со Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. На средбата се разговараше за поддршката што општина Кавадарци ја доби од програмата на МЖСПП за намалување на загадувањето, како и за промена на стари врати и прозорци со енергетски ефикасни во објекти на дел од централните и подрачните училишта.


На средбата во кабинетото на Јанчев се разговараше за проектите кои се во фаза на реализација. Во изјава за јавноста градоначалникот Јанчев ги посочи проектите во општината при што истакна: „Согласно првиот Јавен повик за реализацја на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и намалување на високите концентрации на ПМ 10 и ПМ2.5 со замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта во најзагадените градови во Македонија. Врз оваа основа на општина Кавадарци и беа доделени финансиски средства во висина од 5.195.420 денари за набавка на опрема за греење со еколошки системи наменета за основните училишта. Согласно пак Вториот Јавен повик за намалување на аерозагадувањето-енергетска ефикасност, ни беа доделени финансиски средства во видина од 1.804.589 денари кои се наменети за промена на надворешни врати и прозорци во основните училишта и тоа за следните објекти: ООУ ,,Тошко Велков Пепето”, СОУ ,,Ќиро Спанџов-Брко”. Ученички дом с.Дреново, како и во ПОУ с.Возарци и с.Дреново“.


Градоначалникот Јанчев ги презентираше и податоците за изградба на Колекторскиот систем кој што е во должина од 4453 метри е изграден во Кавадарци па се до село Марена со финансиски средства од Министерството за животна средина, ИПА програмата на Европската унија и со општинско кофинансирање.


Во 2019 година, Доделени се финансиски средства во висина од 5.000.000 денари oд страна на Министерството за животна средина а 10.524.000 денари се општинско учество.


Јанчев и Макрадули се сретнаа и со претставници на општинските еколошки организации, како и со дел од советниците во општинскиот совет Кавадарци со кои разговараа на еколошки теми.


Посетата се искористи и за увид во работите на објектот на училиштето „Габерот“ Кавадарци, каде со републички средства се врши промена на системите за затоплување со еколошки грејни тела, потоа на објектото „ООУ „Пепето“ каде се врши промена на столарија со ПВЦ прозорци, како и на изградбата на колекторскиот систем во селото Марена.

Додади коментар