(ВИДЕО) ВМРО-НП со целосна подршка за кандидатот за градоначалник Бетиане Китев и за советничката листа на СДСМ
26-09-2017 РЕГИОН

 

26.09.2017 (КТВ)

 

ВМРО-НП денеска на прес конференција го повика своето членство на изборите на 15 октомври подршка да даде на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Бетиане Китев како и на советничката листа предводена од д-р Виолета Димитрова.

 

„Врз основа на одлуката на ИК на ВМРО Народна партија, а согласно постигнатиот договор за коалицирање на локално ниво, ВМРО-НП ОК Кавадарци ги информира членовите, симпатизерите  и јавноста дека донесе одлука на претстојните избори да даде целосна подршка за кандидатите на коалицијата предводена од СДСМ и тоа на кандидатот за градоначалник Бетиане Китев и советничката листа. Ги повикуваме членовите и симпатизерите активно да се вклучат во предизборната кампања за претстојните избори“ рече претседателот на ОК на ВМРО-НП, Глигор Шемов на денешната прес конференција.

 

Кандидатот за градоначалник, Китев, се заблагодари за подршката и најави дека ќе се реализираат проекти за сите граѓани.

А.Д

 

Додади коментар