(ВИДЕО) Бадниковата поворка го најави Христовото раѓање
06-01-2019 РЕГИОН

Од храмот Света Петка во Кавадарци денеска претпладне тргна бадниковата поворка, што годинава се организира по втор пат. Децата пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ поминаа низ центарот на градот и стигнаа до општинската зграда.

 

 

Таму ги пречека градоначалникот Митко Јанчев и им даде подароци.

 

„Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата“ нагласи Јанчев.

 

Свештениците искажаа задоволство што и годинава интересот за учество во поворката кај најмладите бил голем.

 

А.Д

 

 

 

Додади коментар