(ВИДЕО)Градоначалникот Панов со прашање до пратеникот на СДСМ Бетиан Китев
27-02-2017 РЕГИОН

Актуелните политички случувања на централно ниво околу формирањето на новата влада, барањата на албанците за двојазичност се пресликуваат и на кавадаречката политичка сцена.

 

Денеска градоначалникот Александар Панов кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ упати прашање до пратеникот на СДСМ, Бетиан Китев.

 

 

 

 

 

 

 

„Во контекст на актуелните  политичките случувања во Република Македонија , во контекст на предавствата кои се спремни тие да ги извршат врз македонскиот народ, а ефектите од тоа предавство да ги чувствуваме и ние во Кавадарци, би сакал јавно да го запрашам нивниот пратеник, Бетијан Китев, кој инаку го ценам и мислам дека не е дел од таа матрица, дали ќе стави потпис и ќе гласа за закон за вметнување на двојазичност и дали ќе се согласи во Кавадарци во локалната самоуправа да вработиме двајца албанци и дали да ги смениме на албански јазик сите знаци, изводи и други писма“ праша Панов.

Додади коментар