„Од кол на кол“ - нова премиера на кавадаречкиот театар
09-05-2019 КУЛТУРА

 

Кавадаречката публика вечерва премиерно ќе има можност да го погледне најновиот проект на театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“. Станува збор за комедијата „Од кол на кол“ по текст на Реј Куни, а адаптирана на кавадаречки дијалект од режисерот на претставата Диме Коцевски.

 

Денеска на прес конференција актерската екипа и директорот на домот на културата, Александар Малинков упатија покана до кавадаречката публика да го погледне најновото остварување на театарот.

 

 

 

И во оваа претстава учествуваат млади актери, за кои режисерот Коцевски вели дека одлично се снаоѓаат на сцената. И оваа претстава ќе  понуди реплики кои долго ќе се вртат меѓу кавадарчани.

 

Актерите од Кавадарци се подготвени за гостување и кај нашите иселеници, но доколку постои желба кај нив да им организираат настапи. Диме Коцевски на нашето прашање, колку нивните проекти се гледани од нашите во странство, кажа дека сите досегашни проекти се широко прифатени и гледани.

 

А.Д

Додади коментар