„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
11-11-2015 РЕГИОН

Под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ одделот за превенција при кавадаречката полиција продолжува со едукација на учениците од прво одделение во кавадаречките училишта. Денеска за сообраќајните правила и прописи, како безбедно да ја преминат улицата и безбедно да стигнат до училиште и до својот дом учеа првооделенците од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“.

 

Инспекторите по превенција Диме Крстев и Димитар Каракулев покрај предавањето имаа можност и да разговараат со учениците за тоа колку тие успеале да се запознаат со основите во сообраќајот. Потоа наученото имаа можност да го применат и на терен. На сообраќајницата пред училиштето повторуваа дека улицата се применува на обележан пешаќки премин и кога семафорот сигнализира со зелено светло.

 

На возачите кои минуваа во тој период на улица учениците им дела едуѕкативни флаери во кои беше наведена порака дека најголем број од сообраќајните незгои се предизвикани од непочитување на ограничувањето на брзината. Од секого зависи дали жив и здрав ќе стигне до одредената цел.

 

Учениците на возчите им упатија и писмени пораки. Држеа табли на кои беа испишани пораки дека возачите мора да бидат внимателни во сообраќајот кога на улица има и деца.

Ваквите едукации на најмладите ќе продолжат и во наредниот период, велат инспекторите.

А.Д

Додади коментар