Ќе се гради откупен центар за земјоделски производи во Градско
13-08-2019 РЕГИОН

Потпишан договорот за изградба на "Откупен центар за земјоделски производи во Градско" со Центарот за развој на Вардарски плански регион (средства обезбедени преку Министерството за Локална самуправа - Биро за регионален развој за подобрување на руралната инфраструктура) и фирмата изведувач "Изгрев Инжинеринг ДООЕЛ Велес".

 

Реализацијата на овој проект вреден 5.836.216,00 денари кој ќе има регионално значење ќе им овозможи на земјоделците да ги изложат и продаават своите земјоделски производи.

 

Локацијата на откупниот центар е до отпад Охрид во Градско, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Роберт Бешовски.

 

Додади коментар