ЈКП Дервен ги превзема водоводните и канализационите мрежи од индустриска зона во Велес
10-07-2014 РЕГИОН

Водоводните и канализациони мрежи во индустриските зони УЗУС и Речани ќе ги добие Дервен. Во идината со нив наместо општината ќе стопанисува јавното комунално претпријатие. Тие се градени со пари на локалната самоуправа но до сега не биле дел од јавниот водоводен и канализационен ситем на општината.

„Согласно Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на територијата на Општина Велес, одржувањето на изградените водоводни објекти и инсталации, како и канализациони објекти и инсталации кои не се дел од јавниот водоснабдителен и канализационен систем, со Одлука на Советот на општината се преотстапуваат на давателот на услугата - ЈКП Дервен како овластено претпријатие за вршење на комунални дејности на територијата на Општина Велес.„вели Александар Колев, претседател на Совет на општина Велес

Одлуката за преотстапуивање на водоводните и канализациони мрежи во индустриските зони треба да ја одобри општинскиот совет. За ова ќе одлучува на седницата во петок. Иста постпака се поведува и за колекторскиот систем и фекална канализација во Новачани.

„Општина Велес во 2003 година конкурираше со овој проект и истиот доби финансиска подршка од CARDS 2003-2004 програма за развој на локална инфраструктура за реализација на проект: “Регионален колектор за фекална канализација со пречистителна станица за населените места Мамутчево, Кумарино, Отовица и Сателитска Населба на езеро Младост до населено место Новачани„вели Колев.

На седницата во петок советот треба на комуналното Дервен да му ја даде на стопанисување и топилничката канализација. Инаку до сега за користење на овие канализациони и водоводни мреж не се плаќаше надоместок.  

Зоран Јаневски



Додади коментар