Јавен повик за модернизација на земјоделските стопанства

Во тек е јавниот повик од Националната програма  за рурален развој со мерката 121 попзната како 50-50 која опфаќа  инвестиција за модернизација  на земјоделски стопанства односно набавка на механизација за сите земјоделски стопанства која дејност е производство на житни, фуражни и индустриски култури. Повраток на почетната инвестиција е од 50% па се до 75 % во зависност од тоа дали носителот на земјоделското стопанство е млад земјоделец, местоположбата на површините и така натаму.         

 

    Минимум потребни услови за аплицирање е фармерот да е запишан во Единствениот регистар на земјоделстки стопанства и да има површина од над О,5 хектари доколку се произведува житна или фуражна култура. Потеклото на механизацијата може да биде од било каде што е различно од ИПАРД програмата каде набавката се вршеше само од земји членки на ЕУ.

 

Финансиските средства во оваа програма се лимитирани па спрема тоа во одлучувањето ќе игра улога и времето на аплицирање односно прв аплицирал прв услужен поради што вработените во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци апелираат да не се чека крајниот рок за аплицирање. Овој јавен повик трае 60 дена почнувајќи од 1. Јули 2015 година  и за сите подетални информации земјоделците ќе можат да се информираат во Агенцијата во Кавадарци секој работен ден .

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар