Шеста меѓународна научна конференција на МСУ „Гаврило Романович-Державин“
17-04-2015 РЕГИОН

Најактуелните теми поврзани со глобализацијата на севкупните економски текови и процеси во општеството кои функционираат во  просторот на меѓународниот пазар, теми од областа на менаџментот и теми врзани за валоризација на човечкиот ресурс се дел од шестата меѓународна конференција што денеска беше отворена во Меѓународниот Славјански Универзитет Гаврило Романович-Державин во Свети Николе. Со свои научни трудови ќе се претстават професори од повеќе универзитети, а научните трудови потоа ќе бидат публикувани во зборник што традиционално ги издава универзитетот.

На отворањето на конференцијата присутните ги поздрави ректорот на Универзитетот во Свети Николе, Душан Николовски и им посака успешна работа.

„Досега имаме организирано пет вакви меѓународни конференции во  кои учествуваат делегации од Тамбовскиот универзитет од Русија, други универзитети од Бугхарија, Унгарија, Германија, Австрија. Саакаме да дадеме и сопствен придонес во развојот и стратегијата на комуникацијата на новите техники и  технологии, новите методи како и валоризација на чиовечкиот фактор како капитал во понатамошните постапки на истражување. Со тоа ни се овозможува нашиот универзитет својата визија да ја претврои во реалност,  што веќе е и стварност. На шестата конференција присутни се покрај нас домаќините и преставниците од Тамбовскиот Универзитет воРусија и гости од Бугарија, Босна, Хрватска, Словенија.  Имаме студентска размена.  Денеска ќе се направи и спогодба за соработка и со други меѓународни универзитети“ рече ректорот Николовски.

Подршка во организацијата на ова конференција дава и Тамбовскиот државен универзитет од Русија.

„ Во рамки на размената што ја имаме со македонската институција,  наши студенти присуствуаат во Македонија и обратно, студенти од Македонија во Руисија.  Ќе настапиме на конференцијата и ќе ги претставиме нашите статии кои потоа ќе се побликуваат во журналот кој го издава конференцијата и тоа е добра традиција. Дојдовме да ја посетима Македонија и нашите пријатели со кои соработката трае од 2007 година“ рече Ксенија Владимирова Ускова-соработник во одделението за меѓународни врски до Тамбовскиот  Државниот универзитет „Державин“.

И претседателот на Филозовското друштво на Македонија, Љупчо Мирковски во изјавата за медиумите ја нагласи подршката што се дава на ова меѓународна научна конференција.

 

„Ја подржувмае и помагаме оваа научна конференција што МСУ Гаврило Романович Державин“  ја организира шеста година. Со овој универзитет имаме меморандум за соработка и ја интензивираме таа соработка. Соработката започна во февруари. Имавме гостување на еминентни стручњаци  од оксфордскиот универзитет. Во септмеври најавуваме  уште поголем собир од ваков формат на кој ќе гостуваат и професори од  руското јазично подрачје. Една голема конференција исток-запад која ќе наиде на одек во пошироката јавност“ рече претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Мирковски.

Aнгел Данов

 



Додади коментар