Четири нови случаи на Ковид 19 во Тиквешијата
29-07-2020 РЕГИОН

Два нови случаи  на Ковид 19 во Кавадарци и два во Неготино се дијагностицирани денеска, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци. 

 

Во Кавадарци позитивни се маж на 21 година и жена на 25 години која живее и работи во Скопје, а е со адреса во Кавадарци. Во Неготино позитивен е маж на 42 години и жена на 61 година која е хоспитализирана во ГОБ „8 ми септември“ во Скопје.

 

„Освен хоспитализираната, тројцата се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Се чекаат уште резултати од направени тестирања“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д



Додади коментар