Четири лица добија елеткрични колички
30-07-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци и ротари клуб заеднички реализираа проект за набавка на четири автоматизирани електрични инвалидски колички наменети за лица со телесен инвалидитет. Градоначалникот Александар Панов денеска им ги предаде количките на најбилските на лицата кои ќе ги користат овие колички, а кои ќе им помогнат полесно да се вклучат во секојдневието независно од нивниот хендикеп.

 

„ На еден  состанок со здруженијата на лица со хендикеп си зедовме обврска дека ќе набавиме вакви колички. Луѓето од Кавадарци кои живеат подалеку од ценатрот, кои што сепак имаат свој хендикеп немаат можност да присустуваат на јавни и други културни настани. Со ова им овозможуваме и поширока комуникација со другите луѓе од градот. Кавадарци денеска направи едно добро дело за овие луѓе. “рече градоначалникот Панов и најави дека и во наредниот период општината ќе набавува вакви колички за останатите лица на кои им се неопходни.

 

Од име на корисниците на овие колички голема благодарност искажа Николчо Делов претставник на здружението на лица со телесен инвалидитет.

„Ова е еден револуционерен чекор за нашата општина и се надевам дека и другите општини ќе го следат. Кавадарци брои околу 120 лица со инвалидност. Веќе шест лица ќе добијат автоматизирани колички“ рече Делов.

Ротаријанците секогаш подржуваат проекти кои се однесуваат на помош во заедницата.

„Ротари клубот од основањето постојано вложува во проекти кои се за општествено добро. Големо задоволство за ротари клубот е и што сме дел од овој проект“ рече Панче Тотов, претставник на ротаријанците од Кавадарци.

Овој проект беше едногласно подржан и од советот на општината. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на комисијата за финансии Зоран Јованчев најави дека вакви и слични проекти секогаш ќе бидат подржувани од советниците.

Ангел Данов

Додади коментар