Четворица нови позитивни на Ковид 19 во Кавадарци
28-07-2020 РЕГИОН

Четири нови случаи на корона вирус се дијагностицирани денеска во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје.  Лицата се на возраст од 16 до 31 година.

 

„Двајца од ново дијагностицираните биле во контакт со веќе заболени, а за двајца ги утврдуваме контактите. Сите се со лесна клиничка слика и на се на домашно лекување“ рече за КТВ, епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Се чекаат резултати и од други направени тестирања.

 

А.Д



Додади коментар