Честитки по повод Илинден од градоначалниците на Кавадарци и Неготино
02-08-2018 РЕГИОН

 

Денес е голем ден за македонската историја. Денес го одбележуваме 2 ри Август - Денот на Републиката и 115 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

 

На денешен ден во срцата на македонскиот народ е разгорена желбата за слобода и независност. Пред 74 години, преку АСНОМ е ставен темелот на македонската државност која ни е водилка до ден денес.

 

Денес се сеќаваме на сите херои кои ги дадоа своите животи за слободата и за Република Македонија. Вечно да го славиме овој ден. За многу години. Честит празник. - се вели во честитката по повод Илинден од градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев.

 

 

 

 

Почитувани граѓани на општина Неготино !
Од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино до сите Вас упатувам честитки по повод верскиот празник св. Илија и големиот државен и македонски празник Илинден-денот кој е длабоко вкоренет во свеста на македонскиот народ.

 

На овој ден 1903 година македонскиот народ востана против Турската Империја барајќи ја својата слобода, а 41 година по првиот Илинден познатите македонски борци и херои од Илинденската епопеја и НОБ на Македонија на вториот Илинден во манастирот Св.Прохор Пчински ги удрија темелите на современата македонска држава.  Илинден односно денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник кој се одбележува на 2 август.

 

Илинден има посебно значење за македонскиот народ. Тој е празник на 3 настани од духовната и националната природа кај македонците. Првиот празник е денот на Св. Илија. Вториот настан е денот на почетокот на Илинденското востание во 1903 и како трет настан е Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Духовниот момент и двата други историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник, а токму традицијата го прави Илинден еден од најбитните и најголеми празници во Република Македониј - се вели во честитката од градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

 

Додади коментар