Црвен Крст донираше пакети со храна и средства за хигиена
23-05-2020 РЕГИОН

Волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци и претставници од Центарот за социјални работи Кавадарци при МТСП, вчера  ја дистрибуираа донацијата на UNICEF, која се состои од семејни пакети со средства за хигиена, наменета за ранливо население-лица без документи.

 

Помошта на овие лица им беше доставена по сознание на лицата од ЦСР во домовите во кои се згрижени.

Додади коментар