Цени за откуп на грозјето од една винарија створија паника кај лозарите
11-08-2020 РЕГИОН

На социјалните мрежи се шири ценовник за откуп на винското грозје од годинашнава реколта,  со цени кои се далеку пониски од ланските. Лозарите се испаничени и коментираат дека доколку тоа  се вистинските цени, визбите сакаат да им ја земат маката за без пари. Коментарите одат и до таму дека килограм грозје сакаат да го купат визбите за 5 денари по килограм, а литар вино се продава и по 400 денари.

 

Контактиравме со визбата чиј ценовник се споделува на социјалните мрежи. Од таму добивме одговор дека цените по кои ќе се откупува грозјето,  ќе биле цени кои ќе се договореле меѓу сите винарски визби, министерството и лозарите. Децидно не добивме одговор дека објавените цени се тие по кои ќе се купува грозјето оваа година, но ни беше речено дека во целата ситуација имало политика.

 

Сепак визбите согласно законските прописи се должни да ги објават цените за откуп на грозјето пред да започне бербата. Како и минатите и оваа сезона се тактизира со цените на грозјето.

А.Д



Додади коментар