Царовска: Го јакнеме кадарот во детска заштита - за неполна година обезбедени вкупно 1.025 вработувања во градинките

 

Министерството за труд и социјална политика последниот месец обезбеди 126 нови вработувања во градинките низ Македнија, од кои поголемиот дел се на неопределено време. Со ова последна согласност, од почетокот на годината до сега, МТСП преку Министерството за финасии, обезбеди средства општините да вработат вкупно 1.025 воспитувачки, негователки и друг персонал во детската заштита. Од нив, 975 се на неопределено, а само 68 на определено време.

 

Ова го изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која денеска со градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, ја посети градинката „Орце Николов“. Ова е една од установите каде што има 24 нови вработувања. Од нив 18 се на неопределено време, а 6 се замена на вработени кои користат породилно, или подолготрајно боледување и се на определено време.

 

„Бројките говорат дека оваа Влада посветено работи на подобрување на условите и на кадарот каде што се згрижуваат најмалите. Драстично ги намаливме договорите на дело и трајно го вработуваме пероналот кој ги чува децата, затоа што секое дете ни е важно, но важен ни е и кадарот на кој сакаме да му го вратиме достоинството. Со ваквиот чекор ја прекинуваме праксата од минатото, кога изигрувајќи ги позитивните прописи илјадници лица беа ангажирани со договори на определено време , договори за дело или ангажирани заради итни и неодложни работи, држани во неизвесност за да се користат за политички цели“, изјави министерката Мила Царовска.

 

Освен што се работи на зајакнување на кадарот, МТСП ги проширува и капацитетите. Од почетокот на годината до сега се отворени 11 градинки, а заклучно со декември планирано е во функција да се стават уште 13, со што годината ќе се заврши со вкупно 24 новоотворени градинки низ Македонија. Буџет за изградба и опремување изнесува 41,6 милиони денари и е за 44% поголем од парите искористени лани за истата намена. Заклучно со август, е реализиран 42 % од планираниот буџетот за оваа намена за 2018, односно веќе се инвестирани 17,5 милиони денари во детски градинки.Оваа сума е речиси иста со сумата која била инвестирана од претходната власт за цела 2015 година, а е за околу 3 милиони денари поголема од потрошениот годишен буџет наменет за градинки во 2016 година.

 

Исто така, МТСП интензивно работи на градење на систем на вработени преку кој би се постигнал професионале и кариерен развој на вработените. Со овој систем перманентно ќе работиме на подобрување на квалитетот на услугата на вработените во областа на детска заштита. Системот на работни места на вработените е поврзан и со зголемување на нивните плати и соодветно вреднување за секое е постигнато ниво на профеионален развој на секој вработен. Обезбедено и е зголемување на платите, односно сите 4.338 вработени, со септемвриската плата исплатена во октомври добија и покачување од 5%.

 

Додади коментар