Физички пресметки во Кавадарци, Неготино и Демир Капија

Физички пресметки во изминатиот викенд во Кавадарци, Неготино и Демир Капија се евидентирани во денешниот билетн на МВР.

 

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека Д.П.(31) и П.М.(31) физички го нападнале Л.Ѓ.(32), сите од Неготино. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.05.2020 околу 16.50 часот во Демир Капија, кај место викано „Грчки мост“, Љ.Ч.(19) физички го нападнал М.Ч.(20), двајцата од Демир Капија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.05.2020 во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци, И.М.(22) од Кавадарци пријавил дека околу 17.30 часот на ул.„Бел Камен“ во Кавадарци бил физички нападнат од неговиот сосед Г.Т.(69). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.

Додади коментар