Уште девет нови позитивни на Ковид 19 во Тиквешијата
17-10-2020 РЕГИОН

Професор од кавадаречко училиште кој немал контакт со ученици, бидејќи држел онлајн настава е меѓу денешните позитивни во Кавадарци. Статистиката од центарот за јавно здравје покажува нови 9 позитивни на вирусот во последните 24 часа. Шест се од Кавадарци, а тројца од Неготино.

 

„Освен еден, останатите имаат симптоми на вирусот. Шестмина се мажи, а две жени. Тројца од инфицираните имале контакт со веќе позитивен. Сите се на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Ангел Данов



Додади коментар