Учениците се едуцираат за безбедни празници
19-12-2014 РЕГИОН

Пиротехника, нејзина употреба и последици од истата на оваа тема денеска дискутираа учениците од ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци заедно со инспекторите за превенција од ПС Кавадарци. Активноста е во рамки на превенцијата во пресрет на новогодишните прзници и примената на пиротехниката која особено е зачестена во овој период од годината. Зошто не треба да ги користат педардите и останатата пиротехника денеска учеа учениците, а целта е да поминат безбедни празници вели Полицијата.

 

Статистиката на оваа тема загрижува, а учениците се тие кој првенствено сами треба да делуваат на себе и да не дозволат да бидат повредени со рани кои знаат да траат и до крајот на животот, сметаат надлежните. Генерално учениците се сложуваат со превентивните мерки , но колку во пракса ќе покажат подготвеност да стојат на страна од пиротехниката и наместо за петарди своите пари да ги искористат за нешто корисно или да ги пренаменат во хуманитарни цели останува прашање на време. Инспекторите за превенција не се откажуваат и велат вакви едукативни трибини ќе има и во останатите училишта. Се надеваат ќе делуваат до свеста на младите, а новогодишните празници ќе поминат безбедно.

 

Милица Младенова



Додади коментар