Утре ќе се одржи кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“ и пријателски ракометен натпревар
06-09-2018 СПОРТ

 

Традицонално секоја година во склоп на тиквешкиот гроздобер се одржува меморијалниот кошаркарски турнир СЕСТРИ КИТЕВИ . Годинава учество на турнирот ке земат екипите на Струга , Пелистер и домакинот Трокал од Кавадарци. Бидејки овој турнир многупати беше прекинуван па возобновуван во последно време се брои само дека ова е 8 година по ред од последното возобновување. Свеченото отварање и официјалниот старт на турнирот е закажан за утре петок со почеток во 10 часот цо салата Јасмин.

 

Првиот ден од гроздоберот ке го одбележи уште еден спортски настан. Иако е од ревијален карактер сепак овој настан може да се смести во оние спортски спектакли. Имено утре од 17 часот во салата Јасмин ке се случи нешто што треба да ги привлече сите љубители на спортот од градот а посебно оние ракометните.

Актуелниот состав на ГРК Тиквеш ке одигра еден пријателски натпревар. И тоа не било каков натпревар бидејки против себе ке ја има селекцијата односно репрезентацијата на ракометни ветерани предводена од Пепи Манасков и други познати и признати ракометни имиња.

 

M.В

Додади коментар